Тешка несреќа на спустот во Кортина: Со голема брзина во рекламите (ВИДЕО)

Германскиот скијач Ромед Бауман го заврши спустот од Светското првенство во Кортина, но по влезот во целната рамнина падна и со голема брзина се удри во рекламите покрај патеката.

Од силината на ударот заврши под рекламите, добивајќи се со сериозни повреди на главата.

Во прв момент Бауман не беше свесен за повредите, но итно е префрлен во болничкиот центар од каде последните информации се дека, за среќа, минал без посериозни последици. Трката беше кратко прекината а потоа продолжи.

Се вчитува...