Италијанскиот шампион Наполи вчера во Ајндховен загуби од ПСВ со 6-2, и тоа е историски меч во еден параметар за тимот во кој игра Елиф Елмас од своето постоење.
Наполи за првпат прими шест гола во еден европски натпревар, и првпат после 28 години прима толку голови на еден меч.
Последен пат Наполи прими шест гола на еден меч на 21 декември 1997 година против Сампдорија во Серија „А“.
Историскиот пораз на Наполи го коментираше и Горан Пандев, кој во минатото беше дел од овој тим. Тој за „Скај“ изјави дека тимот не смее да игра на ваков начин.
„Новите засилувања дојдоа да го подигнат нивото и да ги зголемат опциите за тимот кој игра на сите фронтови, но ова што го видовме, тоа не може така. Наполи е изграден да може да се спротивстави секому“, изјави Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

