Тешка ноќ за Пике: Повторно исвиркан од шпанските навивачи… (видео)

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике имаше уште една тешка фудбалска ноќ зад себе, и покрај триумфот на Шпанија над Албанија од 3-0 во квалификациите за СП.

Пике на терен синоќа беше до 59. минута, а при напуштањето повторно го дочекаа свирежи од трибините. Иако од дел од навивачите доби и аплаузи многу повеќе беа оние верните на „црвената фурија“ кои секој контакт со топката на Пике го испраќаа со свирежи, па и при замената во 59. минута.

Големиот гнев кон себе го насочи поради одлуката отворено да застана зад поддршката на референдумот за независност на Каталонија…

Се вчитува...