Тешка повреда: Алексис „во аут“ до крајот на годинава

Алексис Санчез влезе во форма, го постигна својот прв гол за Интер, но кога требаше да фати континуитет на настапи малерозниот голгетер заработи тешка повреда. Тој настрада за време на пријателскиот натпревар меѓу Колумбија и Чиле, а лекарскиот тим на Колумбијците потврди дека станува збор за сериозен проблем.

„Првичните прегледи покажаа дека Алексис Санчез има дислокација на скочниот зглоб. По враќањето во Милано врз него ќе бидат извршени детални прегледи, а не се исклучува можноста да мора да биде извршен и хируршки зафат“ – информираат од Чилеанската Фудбалска Федерација.

Првичните прогнози се дека Алексис нема да може да се врати на терените до крајот на 2019 година, а не се исклучува ниту можноста за подолга пауза ако биде извршена операција врз Чилеанецот.

Се вчитува...