Тешка повреда: Клаудио Браво ја скина тетивата

Малери  го следат Манчестер сити на стартот од оваа сезона, откако по Кевин де Бруине многу сериозна повреда заработи и Клаудио Браво.

Чилеанскиот голман настрада за време на тренингот на „граѓаните“, а првичните прогноози велат дека станува збор за кинење на тетивата. Во следните денови ќе следи операција, па пауза од околу осум месеци од терените, по што е јасно дека оваа сезона е предвреме завршена за чилеанскиот чувар на мрежата.

Браво е втор голман на Сити, зад стандардниот Едерсон, па сега улогата на резерва Гвардиола ќе му ја додели на 20-годишниот Даниел Гримшо.

Се вчитува...