Тешка повреда на Бејл кој е целосно „скршен“: Го чека пауза од два месеци

Герет Бејл ова лето се врати во Реал по позајмицата во Тотенхем и под стариот тренер Карло Анчелоти си најде место во почетниот тим на „кралевите“. Сепак, се повреди за време на репрезентативните настапи на почетокот од месецот и прогнозите воопшто не се добри.

Шпанскиот новинар Мигел Ангел Диаз, кој го следи Реал Мадрид, информира дека Бејл има руптура на тетивата и го чека пауза од осум до десет недели, или речиси два месеци

Диаз пренесува дека Бејл е целосно „скршен“ затоа што конечно се врати во посакуваната форма во Реал под палката на Анчелоти. „Скршен“ е и затоа што ќе ги пропушти следните два последни квалификациски циклуси за пласман на СП 2022.

Се вчитува...