Тешка повреда на Депај поради која најверојатно ќе го пропушти и ЕВРО 2020

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај заработи тешка повреда на коленото, поради која може да го пропушти и Европското првенство во 2020 година.

Депај ги скина кружните лигаменти на левото колено во дуелот со Хамари Траоре во 22. минута од првото полувреме на мечот против Рен, кој неговиот Олимпик Лион го загуби со 0-1. Повредата ќе биде голем удар за Олимпик Лион кој до крајот треба да се бори за излез во Европа следната година, но и за репрезентацијата на Холандија бидејќи е под знак прашалник неговиот настап на Европското првенство 2020 година.

 

Се вчитува...