Тешка повреда на Халеп – Под знак прашалник настапот на Ролан Гарос

Третата тенисерка на светот, Симона Халеп доживеа тешка повреда на мускулот на левата потколеница на турнирот во Рим. Таа на својот твитер профил напиша дека ситуацијата не е добра и дека по дополнителните прегледи ќе знае дали ќе може да настапи на Ролан Гарос.

„За жал ултразвукот покажа дека имам напукнување на левиот лист. Ќе направам магнетна резонанца како би ги дознала деталите за повредата. Во овој момент не можам да знам колку ќе трае опоравувањето и дали ќе можам да настапам на Ролан Гарос“, напиша Халеп. 

Повредата дојде на две и пол недели до Ролан Гарос каде шампионката од 2018 година требаше да биде една од главните фаворитки за освојување на трофејот.

Се вчитува...