Тешка повреда за Френсис Кокелан, пауза од шест месеци

Францускиот интернационалец од редовите на Валенсија, Френсис Кокелан, заработи сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе паузира најмалку шест месеци од фудбалските терени. Тој се повредил на утринскиот тренинг на „лилјаците“ и итно бил пренесен во болница, каде што се очекува да биде опериран во најбрз рок.

„Кокелан ја скина Ахиловата тетива на десната нога на денешниот тренинг на тимот. Веднаш е префрлен во болница, а во наредните часови ќе замине и на операција“, објавија од Валенсија.

Се вчитува...