Англискиот репрезентативец и крилен играч на Евертон, Џек Грилиш, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скршена нога, што ги загрозува неговите надежи за настап на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Грилиш, кој е позајмен од Манчестер Сити, веројатно ќе треба да се оперира откако заработи фрактура на натпреварот помеѓу Евертон и Астон Вила (1-0) на 18 јануари.
„Мислиме дека веројатно ќе му треба операција, но тоа сè уште не е целосно потврдено, што веројатно ќе го исклучи до крајот на сезоната“, изјави тренерот на Евертон, Дејвид Мојес.
Грилиш последен пат играше за Англија против Финска во октомври 2024 година, но неговите добри настапи го направија повторно интересен избор за репрезентацијата на Англија. Светското првенство започнува на 11 јуни, а Англија е во групата Л со Хрватска, Гана и Панама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

