Напаѓачот на Атлетик Билбао, Икер Муниан, доживеа тешка повреда на десното колено на синоќешниот натпревар против украинскиот тим Зорја во Лигата на Европа. Тој ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, а тоа значи дека за него оваа сезона е завршена.
Муниан наредните денови ќе замине на операција, а потоа го очекува и пауза од најмалку осум месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА