Тешка задача: Силекс, по 12 меча во обид конечно да слави против Шкендија

Кратовскиот прволигаш Силекс на 12 последовни натпревари не знае за триумф против Шкендија. Последен пат кратовци славеа на домашен терен со 3-1 на 6. декември 2015 година, па од тогаш во меѓусебните пресметки Шкендија имаа 11 победи и само едно реми.

Тешка задача го очекува Силекс и денеска во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига, но во борбата за опстанок во елитното друштво секако носат сериозна желба да го изненадат фаворитот. Помошникот тренер во стручниот штаб на тимот од Кратово, Горан Симов, вели дека ги очекува меч против најдобриот тим во лигата на кој фудбалерите на Силекс немаат што да изгубат.

Во пролетниот дел од сезоната Силекс на пет натпревари има само еден пораз од Академија Пандев.

„Според мене можевме и повеќе во натпреварите, бидејќи три средби ги игравме на домашен терен. Со Шкупи ни недостигаше среќа. Водевме 2-0, за потоа со автогол и со гол примен во последните минути да загубиме два бода. Со Ренова не сум задоволен како одигравме, педесетина минути игравме со играч повеќе и не успеавме да ја материјализираме бројчаната предност. Со Победа исто не одигравме на ниво, но сепак трите бода се најважни“ – дополнува Симов.

ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (1. мај 2019)

Се вчитува...