Тешко е да се најдат вистински зборови за изразот на лицата на фудбалерите на Барса (ВИДЕО)

По првпат во историјата Барселона заврши натпревар во Лигата на шампионите без шут кон голот на противникот во поразот од Баерн Минхен од 0-3.

Баварците беа убедливи на натпреварот и немаа милост кон противникот. Кога Роберт Левандовски ја удвои предноста на 0-2, Роналд Куман се одлучи да им пружи шанса на младите играчи. Така од игра излегоа, Бускетс, Серџи Роберто, а нешто покасно и Жорди Алба.

Камерите успеаја да ја снимат реакцијата на фудбалерите, која на најдобар начин ја опишува моменталната ситуација во Каталонија.

 

 

 

Се вчитува...