Тешко на Алиоски: Биелса си донесе кревет и кујна во базата на Лидс

Контроверзниот тренер на Лидс и на Езгијан Алиоски, Марсело Биелса изнервиран од сообраќајниот метеж со кој се борел доаѓајќи на тренинзите си нашол практично решение. Аргентинецот си поставил кујна и соба за спиење во тренинг центарот на Лидс и сега веќе не мора да се мачи возејќи.

Биелса е во обид да го врати Лидс во Премиер-лигата по пауза од 12 години. Тимот на Алиоски во моментов е првопласиран на табелата во Чемпионшип лигата.

Биелса е познат по чудните идеи. По отказот од аргентинската селекција во 2004 година, отиде три месеци во манастир каде што живееше без телевизија и телефон и читаше само книги за фудбал. Тој ја одржа и најдолгата прес-конференција во историјата, зборуваше пред новинарите три часа, а на Мундијалот во 2002 отиде со 500 подготвени видеа за противниците.

Се вчитува...