Тешко понижување за Дончиќ: Неговите бројки се заблуда…

Извонредниот Словенец Лука Дончиќ имаше феноменална сезона во НБА лигата, се до прекинот поради пандемијата на коронавирусот, Но, иако многумина го сметаат веќе за врвен, аналитичарот на ЕСПН, Скип Бејлис со зборови на тешко понижување за Дончиќ.

Бејлис смета дека бројките на Дончиќ се пренапумпани само поради слободата во играта која ја има.

„Лука се стекна со добра репутација во НБА лигата, но може слободно да кажам дека неговите бројки се чиста заблуда. Еве ако го споредуваме со Зион Вилијамсон, Лука е подобар шутер но е очаен за три поени. Тука е потполно преценет“ – вели Бејлис и дополнува:

„Меѓу 149 кошаркари кои доволно шутираа за три поени оваа сезона, Лука е на 141-то место. Слободните фрлања му се на 73%. Да е навистина добар тој процент би бил меѓу 88 и 90. Тој е организатор на играта, но не игра одбрана. Играта во одбраната е негов голем хендикеп. Никогаш нема да ги заборавам зборовите на Кузма кога играа против Далас. Нивниот договор бил постојано топка да додаваат на играчот кој го чува Лука“.

Се вчитува...