Тестирањето на Ковид-19 за сите во Првата лига ќе биде на трошок на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешниот свој состанок ги усвои предлог пропозициите за натпреварување во Првата македонска фудбалска лига за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Управниот одбор донесе и одлука тестирањето за Covid – 19 за фудбалерите и стручниот штаб на клубовите од Прва МФЛ и Прва ЖМФЛ пред почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 да биде на трошок на Фудбалската федерација на Македонија.

Меѓу останатите одлуки, УО на ФФМ го усвои календарот за натпреварување во женска конкуренција за натпреварувачката сезона 2020/2021. Усвоен е и календарот за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2020/2021, како и листата на делегати за натпреварувачката сезона 2020/2021 во МФЛ.

УО на ФФМ донесе одлука и за измени и дополнувања на Правилникот за регистрација, статус и трансфер на фудбалери.

Се вчитува...