Тестовите негативни: Тодоров избра 12 кошаркари

Селекторот Александар Тодоров го објави списокот од 12 кошаркари кои ќе тренираат денеска на стартот од подготовките за наредните натпревари од квалификациите за Евробаскет 2021. Македонската репрезентација ја очекува „балон-турнир“ во Талин, Естонија, а селекторот Тодоров уште на стартот се соочи со проблеми поради неиграњето на Ѓуроски, Кире Николовски, Крстевки и Маслинко.

Добра вест е што денеска беа тестирани сите кошаркари и членови на стручниот штаб, а резултатите се негативни. На конечниот список на играчи кои вечерва од 18. часот, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје треба да го одработат ги нема имињата на Андреј Андоновски, кој пријави повреда на скочниот зглоб, заработена на последниот тренинг на МЗТ Скопје Уни Банка, и Јетмир Зекири, од приватни причини.

Покрај кошаркарите на овој список, директно во Талин ќе се приклучи капитенот Војдан Стојановски, новиот Американец Вајли, а до последно ќе се чека дали ќе може да се смета и на Ненад Димитријевиќ, кој се уште е позитивен на коронавирус.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Андреј Митревски (ТФТ)

Дамјан Робев (Куманово)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савичевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Се вчитува...