Тетекс со прволигашки засилувања ги почна зимските подготовки (ФОТО)

Македонскиот второлигаш Тетекс ги стартуваше зимските подготовки со неколку прволигашки засилувања. „Текстилците“ се наоѓаат на последната позиција на табелата во Втората лига Запад со само девет освоени бода по првиот дел од шампионатот, па раководството одлучи да доведе неколку квалитетни фудбалери во обид да се обезбеди опстанок.

Нови засилувања за Тетекс се Филип Петковски и Леон Најдовски од Работнички, како и Дарио Десниќ од Силекс. Тие треба значително да го засилат составот за пролетниот дел од првенството. Тимот го напуштија Иво Јанакиевски, Стефан Коцев и Кенан Ватиќ.

Се вчитува...