Општина Тетово преку соопштение најавува нов стадион во Тетово, а на Фејсбук градоначалникот Биљал Касами напиша дека е отворен тендерот за реконструкција на овој објект.
На 21. септември годинава Општина Тетово информираше дека градоначалникот Биљал Касами имал средба со сопственикот на компанијата „Еколог“ Лазим Дестани, како и дека се најдени решенија околу градскиот стадион, но без да дадат детали. Фирмата „Еколог“ во претходниот состав на општинскиот Совет доби концесија за управување со стадионот.
„По само две години одлучност и посветеност да им служиме на нашите граѓани, успеавме да направиме видлива разлика, која покажува дека можеме да го промениме ликот на нашиот град. Денеска со гордост најавуваме дека Тетово ќе добие нов и модерен стадион! Во краток период од две години владеење, работевме посветено и одлучно да ја донесеме спортската инфраструктура на високо ниво во нашиот град. Новиот стадион е одраз на нашите напори да изградиме средина погодна за развој на спортски настани и да поттикнеме страст за спортот меѓу нашата заедница. Ова е само почеток на долгото патување кон развојот и напредокот на Тетово“, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА