Тетовци во обид за своја трета плеј-оф рунда во Лига Европа: Пред најтешката задача…

Тетовска Шкендија вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во 3. квалификациско коло за Лига Европа, ја очекува 29-от натпревар во квалификациите за Лигата на Европа во клупската историја.

„Црвено-црните“ ќе атакуваат на свое трето место во плеј-оф квалификациската рунда, иако ги очекува повеќе од тешка задача против лондонски Тотенхем. Претходно, Шкендија двапати веќе беше дел од последното квалификациско коло во ЛЕ, во 2016 и во 2017 година.

Во 2016 година, откако низ првите три рунди ги елиминираше полска Краковија, азербејџански Нефчи и чешкиот Млада Болеслав, во последното квалификациско коло загуби од белгиски Гент. Додека, во 2017 година, откако ги елиминираше молдавска Дачија, фински Хелсинки и Вилнус од Литванија, на крајот од квалификациите доживеа два порази од италијанскиот гигант Милан.

Во квалификациите за Лига Европа, Шкендија досега има 11 победи, 6 нерешени резултати и 11 порази. Најубедливата победа е против Дачија во Молдавија од 0-4, а најубедливиот пораз на гостувањето против Милан во 2017 година од 6-0.

Се вчитува...