Тежок избор за македонските клубови на стартот од Лигата на Европа

Тешка задача ги очекува Шкупи, Академија Пандев и Македонија ЃП уште од стартот на натпреварите во квалификациите за Лигата на Европа ова лето.

И трите македонски екипи, согласно УЕФА коефициентот, се аутсајдери пред ждрепката за 1. квалификациско коло па меѓу можните противници се и состави како Легија Варшава, Малме, сплитски Хајдук, Глазгов Ренџерс, Видеотон, АЕК Ларнака…

Ждрепката за стартното квалификациско коло од ЛЕ е закажана на 19. јуни. Првите натпревари од 1. квалификациско коло за Лигата на Европа се играат на 11. јули, а реваншите се на 18. јули.

Се вчитува...