Тежок пад на поранешниот победник на „Четирите скокалници“

Австрискиот натпреварувач во скојачки скокови, 25-годишниот Томас Дитхарт, доживеал  тежок пад на тренинг во австрискиот центар Рамсау и со хеликоптер итно е пренесен во болницата во Шладминг. Поранешниот победник на традиционалната турнеја „Четири скокалници“ при падот се здобил со повреди на главата и на градниот кош. Според првите информации што го пренесоа австриските медиуми, состојбата на Дитхарт е стабилна и неговиот живот не е во опасност.

Дитхарт победи на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во 2013/2014 година, а заедно со Михаел Хајбек, Томас Моргенштерн и со Грегор Шлиренцауер беше во составот на репрезентацијата на Австрија која го освои сребрениот медал на ОИ во Сочи во 2014 година.

После тој најголем успех во кариерата, австрискиот скокач имаше проблеми со повредите и не успеа да се врати во светскиот врв.

Се вчитува...