Тежок сеир за Фенер: „Вардар Дондурма…“ (ФОТО)

Турската јавност, пред се поголемиот дел навивачи на Галатасарај и Бешикташ, не пропушти можност за брз сеир за Фенербахче по поразот од 2-0 на гостувањето против Вардар во Скопје.

Па, преку социјалните мрежи се објавуваат бројни фотографии, карикатури и порази за фудбалерите на Фенер. Една од нив е и со порака „Вардар Дондурма“…, што во превод значи „сладолед Вардар“, а алудирајќи на тоа дека Фенербахче како сладолед се растопил на „Телеком арената“.

Vardar Dondurma

Некои од турските медиуми се појавија и со пораки дека Фенербахче залудно си ги троши парите, по едни вакви порази од екипи со далеку помал буџет од нивниот…

seir za Fener 2

Seir za fener

А, не се ретки и оние кои алудираат на тоа дека Фенербахче всушност сам си пресудил во Скопје…

Seir za Fener 3

 

Се вчитува...