Тежок удар за Тотенхем

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур, се соочува со долга пауза и речиси сигурно ќе ги пропушти најмалку следните три месеци од сезоната, бидејќи ќе мора да биде подложен на операција поради повреда на тетивата.

Уругваецот се повреди на самиот крај дуелот против Борнмут минатата недела, непосредно пред победничкиот гол на Антоан Семени. Повредата е доволно сериозна, а периодот на рехабилитација ќе го остави надвор од терените во поголемиот дел од остатокот од сезоната.

Бентанкур беше еден од најважните играчи во тимот на Томас Франк оваа сезона. Поранешниот фудбалер на Јувентус веќе имаше сериозни проблеми со повредите, бидејќи пропушти речиси девет месеци во сезоната 2022/23 поради кинење на предните вкрстени лигаменти.

Оваа пауза се очекува да биде втората најдолга во неговата кариера, а Бентанкур се надева дека ќе се врати на време за да настапи со Уругвај на Светското првенство во јуни.

Се вчитува...