ТФТ дели кошаркарски лекции низ Бугарија

Екипата на ТФТ влезе во одличен ритам во рамките на БИБЛ-лигата, откако македонскиот претставник и на вториот меч што за околу 24 часа го одигра во Бугарија забележа победа. По вчерашниот триумф над Академик Пловдив, избраниците на Боро Смилковски денеска беа подобри и од составот на Берое, совладувајќи го со убедливи 86-96.

Ефикасниот напад беше главна одлика на ТФТ и на овој натпревар, на кој „црно-белите“ од скопско Тафталиџе за малку не стигнаа до 100  постигнати поени. Берое парираше само во првата четвртина што бугарскиот состав ја доби со 22-20, по што ТФТ ја презеде контролата и на одмор замина со „плус девет (38-47). Шансите на бугарскиот тим исчезнаа откако ТФТ одигра доминантно и во третиот период, завршувајќи ја третата четвртина со водство од 58-75, што македонскиот состав рутинско го задржа до самиот крај.

Колективната игра беше главна одлика на ТФТ и на овој меч,  дури шестмина кошаркари стигнаа до двоцифрен ефект, најефикасен беше Харис со 15, пред Костоски, Маслинко и Бродвеј со по 15 постигнати поени.

Се вчитува...