ТФТ и Лахланд Андерсон повторно заедно (ФОТО)

ТФТ во пресрет на новата сезона со соочи со голем проблем откако остана без услугите на Тревор Џасински кој поради повреда на лигаментите на коленото ќе биде во „аут“ цела сезона, но експресно реагираше на трансфер маркетот и успеа да го врати Лахланд Андерсон назад во Тафталиџе.

Австралискиот интернационалец ги бранеше „црно-белите“ бои во дебитантската сезона на клубот во Првата лига и беше еден од најдобрите играчи во составот на Смилковски со просек од 17.2 поени, 4.6 скока и 1.5 асистенција во просек во мак-баскетот.

По успешната сезона замина во литванското првенство каде настапуваше за Јонава, ова лето броеше настапи и во австралискиот шампионат. Во редовите на освојувачот на Купот на Македонија за 2022 година се враќа како големо засилување со цел да му помогне на клубот во настапите во македонското првенство, квалификациите за Лигата на Шампионите и АБА2 првенството.

 

Се вчитува...