ТФТ имаше предност и од 14 поени, но загуби од Спартак во финалето на „Плевен 2022“

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да го освојат трофејот на Интернационалниот турнир „Плевен 2022“ во Бугарија, откако загубија во финалето од домаќинот Спартак Плевен со 102-97.

Македонскиот тим имаше постојано водство во текот на целиот натпревар, но на крај дозволи домашните да дојдат до комплетен пресврт. Иако во последните две минути се влезе со 95-95, сепак во финишот Спартак направи предност од пет поени за конечен триумф.

А, ТФТ одлично влезе во натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 26-21, предводени од Доналдсон, Костоски и Андерсон. Во втората четвртина македонскиот тим имаше предност и од 14 поени разлика (51-37), за да сепак во второто полувреме бугарските кошаркари успеат се да анулираат и да победат.

Лахлан Андерсон беше најдобар кај ТФТ со 20 поени, Виктор Ташовски заврши со 17 поени, а Трент дополни со 16 поени и девет скока. Во победничкиот тим се издвои Николај Стојанов со 26 поени и 10 скока.

Претходно, во натпреварот за третото место битолски Пелистер загуби од Левски Софија.

Се вчитува...