ТФТ му се заблагодари на Рејмонд Самервил

Американскиот центар Рејмонд Самервил, официјално потпиша за литванскиот тим Нептунас Клаипеда за која ќе настапува следната сезона.

Самервил минатата сезона ја мина во ТФТ каде беше еден од најдобрите кошаркари на македонскиот тим.

„Твојата напорна работа, посветеност и ангажман ти ја донесоа оваа можност и не можеме да бидеме посреќни за тебе. Ова е уште еден доказ дека ТФТ се движи во вистинската насока. Со среќа Реј! Повторно го направи Тафта голем! Еднаш дел од семејството на ТФТ, секогаш дел од семејството на ТФТ“, стои во соопштението на клубот.

Се вчитува...