Поранешниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ, од оваа година почнува со организација на меморијален турнир во чест на својот прерано починат фан и пријател Андреј Грковски – Тафта, турнир што ќе го носи неговото име.
Во првата едиција на турнирот Андреј Грковски – Тафта, учество покрај организаторот ТФТ, ќе земат и тимовите на Кожув, Работнички и МЗТ Скопје, додека напреварите ќе се играат во СРЦ Кале.
Официјалниот ждреб за турнирот ќе се оддржи во вторник 03.09. во 20:00 часот, а истиот директно ќе биде пренeсуван на социјалните мрежи на профилот на КК ТФТ .
Термините за оодигрување на натпреварите се :
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ;
Полуфинале 2 20:30;
Сабота 07.09.
Натпревар за 3то место 16:30 ;
Финале 19:00
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА