ТФТ поразен и од актуелниот шампион Златибор во АБА2-лигата

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да дојдат до првата победа ниту во третиот натпревар од сезоната во АБА2-лигата.

На првиот натпревар од вториот „балон“ кој се одржува во Сараево, ТФТ загуби од актуелниот шампион Златибор со 76-90.

Македонските кошаркари максимално израмнето влегоа на натпреварот завршувајќи ја првата четвртина со само еден поен негатива од противникот (24-25). Меѓутоа Србите се стекнаа со предност во финишот на вториот дел за предност од осум поени на полувремето. Во второто полувреме Златибор ја одржуваше предноста, на крајот и за заслужен триумф од 76-90.

Најдобар во македонскиот состав беше Костоски со 12 поени и четири асистенции, а Ташовски мечот го заврши со 11 поени и четири асистенции. Дури 11 кошаркари на ТФТ се запишаа во листата на стрелците. Во победничкиот состав предводеше Џуран со 22 поени и осум асистенции.

Следниот натпревар за избраниците на Боро Смилковски на „балонот“ во Сараево е против Крка на 23. ноември (среда) а потоа следи и дуелот со Слога на 25. ноември во петок.

Се вчитува...