ТФТ следната сезона во АБА2!

Кошаркарскиот клуб ТФТ ќе биде петтиот македонски претставник во историјата на АБА2 лигата откако раководството на клубот од Тафталиџе ја прифати понудата за настап во регионалното првенство.

Освојувачот на Купот на Македонија за 2022 година сезоната ја заврши на четвртата позиција на табелата, а по неприфаќањето на поканата од страна на Еуро Никел доби шанса за нов интернационален предзивик.

Раководството на клубот во моментот е во Женева каде ја чека ждрепката за квалификациите во ФИБА Лигата на шампиони кои воедно носат и место во ФИБА Еврокупот, но изборот за настап на интернационалната сцена ќе падне на „регионалната средина“.

ТФТ претходните две сезони беше дел од БИБЛ лигата, а во сезоната 2021/22 настапи и во квалификациите на ФИБА Еврокупот.

Се вчитува...