ТФТ со екстра второ полувреме го реши Еуро Никел

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа со 73-56 против Еуро Никел во 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Домашните кошаркари до победата дојдоа преку извонредното второ полувреме во кое целосно го скршија противникот.

Првиот дел со 32-33 предност за Еуро Никел, но ТФТ во вториот дел презеде се во свои раце и дојде до огромен пресврт за конечна победа од 17 поени, 73-56.

Најефикасен кај ТФТ беше Зафиров со 13 поени, а по 12 поени постигнаа Николов и Луис. Кај гостите се издвои Меквен со 19 поени и седум скока. Милош Вранеш заврши со „дабл-дабл“ од 11 поени и 10 скока.

Се вчитува...