ТФТ со „фуриозно“ второ полувреме до пресврт победа над Еуро Никел

ТФТ го забележа и вториот триумф во вториот натпревар сезоната во кошаркаската лига на Македонија откако по пресврт успеа да слави над ланскиот вицешампион Еуро Никел со 85-71.

Гостите од Кавадарци на одличен начин го отворија мечот и по десет минути имаа предност од 12-21. Добрата игра на кавадарчани продолжи и во вториот период кој успеаја исто така да го добијат и на пауза да заминат со позитива од плус дванаесет (29-41).

По паузата како да излегоа два нови тима. ТФТ почнаа да погодуваат буквално од секоја позиција и со фуриозна трета четвртина успеаја да дојдат на само минус два (59-61). Одличната игра продолжи и во последниот период и на крајот успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до конечен триумф од 85-71.

Ландриус Хортон со 23 поени и 15 скока беше прво име во победничкиот табор, a одличен беше и Александар Костовски кој заврши со 20 поени. Кај поразените се истакна Предраг Самарџиски со 16 поени.

Се вчитува...