ТФТ со пораз од Берое ги почна настапите во главната фаза во БИБЛ

Македонскиот кошаркарски суперлигаш ТФТ со пораз од Берое на домашен терен од 83-87 ја стартуваше главната фаза во балканската БИБЛ лига. Катастрофалната втора четвртина која домаќините ја загубија со (15-33) беше главниот фактор за поразот на тимот од скопската населба Тафталиџе на овој натпревар.

Андерсон Лахлан со 19 поени беше најефикасен во таборот на македонскиот тим, додека Харис Тајрон заврши со 18 поени. Кај победникот Џејмс Гејвин заврши со 18 поени.

Покрај ТФТ и Берое во групата Ф од главната фаза во БИБЛ се наоѓа и израелската Гилбоа Галил. Во групата Г наш претставник е Куманово, кој ќе игра против израелски Хапоел Холон и бугарскиот Академик.

Се вчитува...