ТФТ со пораз од Ирони Нахариа ја започна новата година во БИБЛ лигата

Кошаркарите на ТФТ со 66-67 забележаа минимален пораз на домашен терен од Ирони Нахариа во натпревар од БИБЛ лигата оваа сезона.

Македонскиот тим имаше мала предност во првата четвртина. На крај, сепак, противникот успеа да се врати и да фати ритам во завршницата. Подобриот период за гостинот донесе пресврт пред паузата. Нападот на тафталиџани забави во продолжението, а за момент потфрлија и во одбраната. Ирони замина во соблекувална со минимлна предност од 35-38.

Минималната негатива на избраниците на Боро Смилковски продолжи и во третата четвртина. Тоа придонесе неизвесност околу победникот на овој меч. Последната одлучувачка четвртина припадна на домаќините, но победата ја понесе тимот на Ирони со еден поен разлика.

Џермејн Бишоп со 18 поени се истакна кај ТФТ, а кај гостите најефикасен беше Дастин Томас со 19 поени.

Се вчитува...