Кошаркарите на ТФТ со убедлива победа над Куманово од 107-70 во последното коло од регуларниот дел во Првата македонска кошаркарска лига си го обезбедија третото место пред плеј-офот.
Тимот од Тафталиџе целосно доминираше на дуелот, од самиот старт навестувајќи кој ќе ја однесе победата. Па откако на полувремето беше 57-26 јасно беше дека домашните ќе дојдат лесно до 15-та победа сезонава за трета позиција пред разигрувањето.
Симоновски со 21 поен и Ташовски со 18 поени и девет асистенции беа најдобри во победничкиот тим, а кај кумановци се издвои Марјановиќ со 19 ппостигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА