ТФТ триумфално на тест-дуелот против Еуро Никел во Кавадарци

Кошаркарите на ТФТ славеа со 74-79 на пријателскиот натпревар против Еуро Никел во Кавадарци.

Низ крајно израмнета игра, ТФТ во самиот финиш дојде до победата откако претходно домашните во неколку наврати се вадеа од сериозна негатива.

Амир Смит со 14 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ каде не настапи Ленард поради повреда. Костоски додаде 13 поени додека Џон – 12 поени. Во составот на Еуро Никел не настапи најновото засилување Џонатан Дејвис.

И двете екипи, во вторник (21. септември), од 17:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе одиграат уште еден меѓусебен пријателски натпревар.

Се вчитува...