Само втор пат играше за Македонија, и веднаш покажа дека е огромно засилување за нашата најдобра селекција. Против Норвешка не се истакна којзнае колку, но Ти-Џеј Шортс „експлодираше“ вечерва против Данска. Успеа да донесе победа на Македонија во драмата со продолжение и на крајот Македонија да дојде и до четвртиот триумф.
Одигра неверојатно нашиот нов наттурализиран играч, својата „приказна“ во Гевгелија ја затвори со 33.поени, плус и шест успешни додавања, пет освоени топки.
„Сакам да им честитам на Данците за отпорот кој го пружија. Им благодарам на сите во публиката кои ни дадоа дополнителен ветер, а ние им се оддолживме со играта. Се чувствувам како дома, како Македонец. Благодарен сум што сум тука, и благодарен сум на поддршката од сите“, рече Шортс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА