Ти-Џеј Шортс го предводеше Бон до титулата во Лигата на Шампиони!

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот Бон се овогодинешните освојувачи на Лигата на Шампиони на ФИБА. Во големото финале германскиот тим славеше над Хапоел Ерусалим со 77-70.

Натурализираниот Македонец го заврши натпреварот како поентерски лидер со 29 поени при реализација 10/17 од поле на кои додаде и 3 асистенции и еден скок.

Претходно Ти-Џеј Шортс ја освои и наградата за најкорисен играч на првенството.

Се вчитува...