Ти-Џеј Шортс, МВП на сезоната во Еврокупот

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс, продолжува со собирањето на импресивни индивидуални признанија. Откако ланската сезона беше избран за МВП на Лигата на Шампионите на ФИБА, Шортс денеска и официјално беше промовиран во најкористен играч за сезоната 2023/24 во Еврокупот.

Извонредниот плејмејкер е најслузасжен што Париз стигна до големото финале во ова натпреварување, притоа остварувајќи неверојатен скор од 20 победи и само еден пораз на патот до финалето. Тој беше избиран за МВП во четвртфиналињата, потоа и во полуфиналињата на Еврокупот, по што сосема очекувана е денешната промоција на македонскиот репрезентативец во најкорисен играч за целата натпреварувачка сезона.

Шорт има неверојатна статистика во Еврокупот, во просек бележи по 17,3 поени, 7,6 асистенции, 3,1 скокови и 1,8 украдени топки по натпревари, со фантастични 22,6 просечни индексни поени.

Се вчитува...