Ти-Џеј Шортс продолжува за реди МВП признанија

Натурализираниот македонски кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс игра нова блескава сезона во која веќе ги осигура МВП признанијата во Еврокупот за регуларниот дел и плеј-офот, а сега доби уште едно признание за најкорисен играч на француското првенство.

Плејмејкерот го предводеше својот Париз до втората позиција на табелата во елитното француско првенство со просек од 16.3 поени кои го прават и најдобар поентер на лигата како и 6.7 асистенции со кои е втор најдобар асистент во силна конкуренција.

За Шортс тоа е шестто МВП признание во последните две сезони. Претходната сезона беше просласен за МВП на германското првенство, како и регуларниот дел и плеј-офот на ФИБА Лигата на Шампиони.

Се вчитува...