Ти играше ли вчера ракомет?…Преспав!

Кога Македонија игра ракомет на ЕП – секој Македонец станува ЛЕЛЕКТОР. Лелека за секоја топка, скока, се превртува на тросед, пие пиво и вади пцовки од дното на душата. И најважно од се…знае ракомет повеќе од Кире Лазаров, Никола Карабатиќ и Лино Червар заедно…

______________________________________________________________________________________________________________________________________

Грло ме боли, душа ме боли, а сите вас изгледа „дупе ве боли“. Играте демек, играте, не знаете да шутнете кога треба, и после ќе излезете и ќе кажете…Требаше подобро. Само Киро може голови да клава.

Абе, вие другите кај бевте вчера?! Не бевте на утакмица? Да не си гледавте дома – Преспав!

Сите преспавте, јас да ви кажам. Таљо имал најсилен шут. Епа, за на рецепција у „Преспав“, ако не… кога ќе се разбуди левата страна од нападот. Свеж воздухот таму, кислород ги удрил многу во глава, зашеметени се…

Сега пак истото, земете пенкалата во раце и математика…Да сме ги спуштеле Австријците под волку гола, да сме шутнеле вака, сме можеме така.

На терен се гледа колку можете. Само тоа се брои. Другото е само паламудење.

Ајде сите на тренинг, и помалку да зборите – повеќе голои да клавате.

И ние навијачите сме за на к*р. Политика мора да замешаме. Го убивте Борко дека е вмровец, а? Е, добро де, ама и Столе е, мислам дека и Кире и сите други. Си ја сакаат Македонија. Добро, овие малку подобро играа, отколку Борко што одбрани. Демек ако беше Наумче сдсмовецот, ќе ја тепавме ли Чешка? Сите се наши. Глејте си тоа асталите, фејсбукот и навивајте за нашите. Не само за „вашите“.

Отворам фејсбук на полувреме и гледам новинари со дресови Македонија. Си викам, ќе им го земат лебот на ракометариве. Навиваат повеќе од нас – „Фалангата“ што е на трибини. Како играа ракометариве со Чешка, нема да примети битна разлика и ако влезат новинарите. И да ви кажам искрено, сакам и јас дрес со толкаво лого Еурофарм, како еден од овие со микрофонот. За да се памети вечно!

Се вчитува...