Тиаго Силва нема дилема: Меси е незапирлив, Роналдо можете да го неутрализирате со еден дефанзивец

„Црвените ѓаволи“ го замолкнаа „Стемфорд Бриџ“ во 50. минута откако Џејдон Санчо погоди за 1-0 по големата грешка на Жоржињо на средината на теренот. Сепак, Челси успеа да извлече реми, а стрелец беше Жоржињо, кој беше прецизен од белата точка во 69. минута.

Мајкл Керик пред овој натпревар ги изненади сите со првата постава откако одлучи да го остави Кристијано Роналдо на клупата, па Португалецот доби шанса да игра во последните половина час од овој дерби меч. По натпреварот во центарот на вниманието беше дефанзивецот на лондонскиот клуб Тиаго Силва кој новинарите го прашаа дали е потешко да се чува Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Силва имаше неколку судири против Меси и Роналдо додека се уште настапуваше за Милан и ПСЖ, а синоќа имаше уште една шанса да го задржи Португалецот.

„Разликата што се однесува до Меси е во тоа што е невозможно да се запре кога оди еден на еден или еден на два. Кај Роналдо не велам дека е лесно, но еден играч е доволен за да го задржи и да го неутрализира. Сепак, станува збор за двајца неверојатни играчи и шампиони, но потешко е да се чува и да се запре Меси отколку Роналдо“, заклучи Силва.

Се вчитува...