Тиаго Силва: ПСЖ има многу пари, но парите не победуваат во фудбалот

Поранешниот играч на ПСЖ Тиаго Силва, ја коментираше елиминацијата на францускиот тим од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Силва со Челси денеска ќе игра во Мадрид токму против „кралевите“ и посакува добар резултат.

„Незамислив пораз, за нас и пред се за луѓето кои навиваат за ПСЖ. Секоја година истото. Тимот само купува играчи, но не може да се направат големи промени и да се очекува резултат. Секогаш фудбалот да почнува од нула е неприфатливо. ПСЖ има многу пари. Но, парите не победуваат во фудбалот. Во Франција клубот победува, но тоа не значи ништо. Треба да се освои Лигата на шампионите, но тоа не е лесно“, рече Силва.

Бразилецот во 2020 година како слободен играч се пресели во Челси, со кој лани ја освои титулата европски првак.

Се вчитува...