Тибо Куртоа во преговори со Реал Мадрид

Белгискиот голман Тибо Куртоа одлучил да се врати во Шпанија и веќе е во преговори со Реал Мадрид, објавија шпанските медиуми. Голманот на Челси ќе биде една од ѕвездите на следниот преоден рок бидејќи за него се заинтересирани неколку големи клубови, но според најавите засега „кралскиот клуб“ е во предност пред сите други.

Според сознанијата на „Ас“, Флорентино Перез веќе разговарал со Белгиецот и му потврдил дека ќе сторат се уште летово да го донесат на „Сантијаго Бернабеу“. Но, од Реал Мадрид се подготвени и да чекаат до крајот на наредната сезона бидејќи во тој случај Куртоа ќе може да дојде како слободен играч.

Белгискиот голман, наводно, веќе донел одлука кариерата да ја продолжи во Мадрид бидејќи таму живее неговото семејство. Тој во минатото го носеше дресот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...