„Тие играат во ова еб*но финале, а ние не“, се појави снимка од соблекувалната на Франција на полувремето (ВИДЕО)

Во финалето на Мундијалот во Катар, Аргентина на полувремето имаше 2-0, и целосно ја надигра репрезентацијата на Франција во тој период. Меѓутоа на крајот мечот 2-2, па по продолженија 3-3, за на крај Аргентинците преку пенали да го освојат трофејот.

Се појавија снимки од соблекувалната на Франција на полувремето на кои покажува дека селекторот Дидие Дешамп и Килијан Мбапе биле многу лути, што е разбирливо со оглед дека Аргентина имаше голема предност.

Дека на Дешамп не му се допаѓаше играта покажа уште пред полувремето кога направи двојна измена.

„Момци, ајде без навреди. Сфаќате ли која е разликата? Тие играат во ова еб.но финале, а ние не!“, им кажува Дешамп на фудбалерите, по што удира во масата. „Не сум задоволен, треба да веруваме до крај, сешто може да се случи“, додава селекторот.

Потоа Мбапе ги мотивира соиграчите.

„Полошо од ова не може да биде. Нема да им дозволиме да играат исто, тоа би било глупаво. Ова е финале, се случува еднаш во четири години. Мора да влегуваме во дуели, можеме да се вратиме“, кажува Мбапе, по што во вториот дел токму тој ја враќа Франција со два гола.

 

Се вчитува...