Тиери Анри: Проблемот на ПСЖ не се вика Лео Меси

Тиери Анри застана во одбрана на Лео Меси откако аргентинскиот фудбалер беше исвиркуван од навивачите на ПСЖ на последниот домашен меч со Ажаксио.

Јасно е дека Аргентинецот летово ќе си замине од „Паркот на принцовите“, но Анри е дециден дека со тоа нема да биде решен проблемот со кој ПСЖ се соочува со години наназад.

„Правилата се исти за сите, ако не се појавиш на тренинг, следи казна и тука завршува се, без разлика дали е тоа Лео Меси или било кој друг фудбалер. Сепак, не верувам дека тоа беше целокупниот проблем околу иднината на Лео во клубот. Исто така, убеден сум дека проблемот на ПСЖ не се вика Лео Меси. Главниот проблем на овој клуб е константниот конфликт меѓу навивачите и катарските газди, од кој подебелиот крај го извлекуваат фудбалерите. Се исвиркуваше Меси, кога не е тој виновен тука е Нејмар за да биде критикуван. Да не заборавиме, на истиот тој стадион се слушаа и свирежи за Килијан Мбапе“, истакна Анри.

Се вчитува...