„Тифозите“ на Интер до доцна во ноќта ја славеа титулата во Италија (ВИДЕО)

Интер со триумф над Милан го осигура шампионското скудето, апсолутно заслужено ако се земе во предвид доминацијата на „нероаѕурите“ во текот на целата калчолигашка сезона.

Ако лани ја минаа сезоната бркајќи го Наполи кој на два месеци пред крајот сериозно се одлепи, избраниците на Инзаги овојпат ја научија лекцијата, играа извонреден фудбал и апсолутно заслужено го осигураа јубилејниот 20. трофеј во клупската историја, прв за Симоне Инзаги како тренер.

По мечот против Милан во кој славеа со 1-2, буквално цел град беше окупиран од најверните навивачи на Интер.

Се вчитува...