Тихо Костадинов: Минав многу тежок период, по две операции на коленото пресреќен сум што повторно сум со репрезентацијата!

Тихомир Костадинов по повеќе од 19 месеци повторно е во македонската репрезентација, вклучен во националниот тим за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2024.

Костадинов беше стандарден дел од средниот ред кај селекторот Боби Милевски пред тешката повреда во април минатата година, сега повторно активно враќајќи се во посакуваната форма…

„Премногу ми е драго што сум тука повторно се репрезентацијата. Минав низ еден многу тежок период со две тешки операции на коленото и потенцијално и трета, поминав долг период надвор од терените, но ете се е тоа сега минато. Сакам да остане зад мене тој период, се чувствувам добро, веќе неколку месеци сум во полн тренажен процес одиграв и неколку пријателски натпревари за екипата и се чувствувам навистина подготвен и среќен што сум тука“ – вели Костадинов по приклучувањето на најдобрата македонска селекција.

Верува дека Македонија може да одигра квалитетно и на двата ноемвриски натпревар како продолжување на квалитетните изданија од септември и од октомври.

„Не очекуваат два исклучително моќни репрезентации, но последните два собири во септември и во октомври беа навистина квалитетни и тоа ни дава мотив за надигрување и сега со Италија и со Англија. Италија мора да го добие натпреварот против нас ако сака да игра на Европско првенство. Што значи важен меч за нив, и секако голем предизвик за нас. Не чека многу поразличен натпревар од оној во Скопје, но наша задача е единствено да дадеме максимум затоа што притисокот е кај нив а наше уште еднаш да дојдеме до позитивен резултат“ – истакнува Костадинов.

Се вчитува...