Тијаго Алкантара го напушта Баерн Минхен?

Шпанскиот интернационалец Тијаго Алкантара најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен во претстојниот летен преоден рок. Тој не успеал да се договори со раководството на германскиот првак за продолжување на соработката, а актуелниот договор му истекува во јуни 2021 година. Ова значи дека баварскиот клуб ќе му дозволи на Алкантара да замине по официјалниот крај на сезоната во Бундес-лигата.

Играчот за врска од семејни причини има желба да се врати во Барселона, од каде и пристигна на „Алијанц арена“ во 2013 година. Веќе седум години е дел од Баерн Минхен, одигра 150 натпревари и постигна 17 гола.

За него постои интерес од англискитe премиерлигаши Манчестер Сити и Ливерпул. Токму Пеп Гвардиола го доведе Тијаго Алкантара во Баерн Минхен, а сега би сакал да го има и во составот на „граѓаните“. Сепак, сериозен конкурент е и Ливерпул, откако Клоп решил да се вклучи по трката по одличниот играч за врска.

Се вчитува...